Да се постигне
гол веројатно не беше доволно за Едуард Бело, играјќи за чилеанската екипа
Антофагаста на дуелот против Евертон, тој се најде уште во раната фаза од мечот
во шанса да постигне гол.
Бело имаше
прилика да го отвори мечот на резултатски план уште во втората минута, но,
откако му успеа таа намера, тој не застана таму, „постигна гол“ и на трибините.
Откако погоди,
тој истрча до трибинскиот простор каде беше неговата девојка, а во меѓувреме од
стручниот штаб на клупата зема прстен, следеше запросување кое на крајот беше
крунисано со ДА и аплауз од гледалиштето…
class="twitter-tweet" data-lang="en">
23 годишниот Бело
има фантастичен учинок од 11 погодоци во дресот на Антофагаста на 24 одиграни
натпревари, откако стави потпис на договорот со чилеанскиот прволигаш. За
Венецуела има два настапи, токму годинава, без засега постигнат гол.