Пораз за Реал на дербито во Мадрид, Пеп можеби го „потпиша“ отказот за Алонсо (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите вечерва се играше во Мадрид и во него на крајо се радуваа „граѓаните“ со триумф од 2-1.

Реал Марид со многу проблеми со повреди го започна натпреварот, а гпомеѓу отсутните беше и Килијан Мбапе.

Сепак, и во таква ситуација домаќините стигнаа први до водство и тоа со голот на Родриго кој на овој начин го прекина постот долг цели 32 натпревари. Но, тој гол избраниците на Гвардиола не ги откажа. О’Рајли само седум минути подоцна се погрижи за израмнување за во 43. минута Халанд од пенал да стрела за 2-1.

Во второто полувреме видовме по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени.

За Реал ова беше продолжување на лошите резултати и втор пораз во низа, претходно во првенството ги победи Селта со 2-0. Загрижува и податокот што гигантот од Мадрид на последните осум средби има само две победи. Ќе потсетиме, пред натпреварот се пишуваше и за можен отказ за Алонсо во случај на неуспех денес.

Обврски во Лигата на шампионите вечерва со својот Наполи имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој беше стартер во битката помеѓу Мурињо и Конте во Португалија. На крајот Бенфика го доби натпреваот со по еден гол во двете полувремиња (2-0), Елмас за Наполи на теренот беше до 81. минута кога на негово место влезе Вергара.

На останатите срредби, Јувентус го победи Пафос со 2-0, Борусија Дортмундд ремизираше со Бодо Глимт 2-2, Арсенал беше сигурен во Белгија против Клуб Бриж со 3-0, а немаше победник и на средбата Баер Леверкузен – Њукасл (2-2):

Можно е и ова да ти се допаѓа

×