Поранешен младински репрезентативец на Македонија го засили Силекс

by Стефан
1 минути читање

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипатан а Силекс денеска го потврди ангажманот на Мартин Талаков.

23-годишниот играч за врска во Силекс пристигнува од Работнички, каде што настапуваше во изминатата сезона. Талаков своите први фудбалски чекори ги направи во струмичка Брера, а во досегашната кариера го носеше и дресот на Борец и Македонија Ѓорче Петров.

Има и интернационално искуство, со настапи во Словачка, каде што беше дел од Побрезова, Жилина и Похороние.

Талаков е поранешен младински репрезентативец на Македонија. За селекцијата до 21 година има четири настапи, а беше дел и од репрезентативните генерации до 19, 17 и 15 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×