Поради ова Марадона е бог во Неапол, најдобрите голови и потези на Аргентинецот во Калчото (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска Наполи ја
пречекува Барселона во Лигата на шампионите, на Сан Паоло пристигнува Лео Меси,
кој важи за еден од најдобрите на денешницата и во историјата, а многумина
сметаат дека е и најдобар.

Но во Неапол има
само еден фудбалски бог и се вика Диего Марадона. Аргентинецот пристигна во
Неапол во 1984 година, до тогаш во Калчото доминираа екипи од северот или
централниот дел на земјата како Милан, Јувентус, Интер и Рома. Ниту еден тим од
југот на Италија немал освоено титула, но работите се менуваат, Диего Марадона
со маестрални партии ги предводи „наполитанците“ до две Скудета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани