Шефот на стручниот
штаб на Тотенхем, Маурисио Покетино вели дека клубот ‘работи напорно’ за да постигне договор со Кристиан Ериксен за
Данецот да стави потпис на нов договор со Премиерлигашот, сево ова се случува
во екот на шпекулациите кои го поврзуваат 26 годишниот фудбалер со заминување
од Лондон.
Експрес наведе дека ПСЖ и
Реал Мадрид веќе пријавиле сериозен интерес за ангажман на Ериксен, чиј договор
со Тотенхем истекува во 2020. година, а Тутоспорт извести дека Јувентус исто така е
обожовател на играта на Данецот.
Запрашан за
шпекулациите со кои се поврзува Ериксен, Покетино не крие дека Тотенхем работи
напорно по можеби клучното прашање кое го има во моментов.
„Тој (Ериксен)
знае, и ние како клуб знаеме точно што правиме. Работиме толку напорно по ова
прашање, клубот се обидува да ја донесе најдобрата одлука. Кристиан исто така
ќе ја донесе најдобрата одлука, не сум загрижен, но, преферирам на тоа дека тој
ќе потпише нов договор и ќе остане на долг период во овој клуб“ рече Покетино.