Покетино искрен: Се ближи крајот на нашата авантура во ЛШ сезонава…

by
1 минути читање

ПСВ и Тотенхем
одиграа интересен меч во Ајндховен, ремизирајќи со 2-2 во меч со два пресврти,
најнапред домаќините поведоа со голот на Лозано, во продолжение Мура и Кејн
направија пресврт, а во завршницата Де Јонг донесе реми за холандската екипа.

Премиерлигашот ги
освои првите бодови досега во групата „Б“, поточно бод, со што заостанува цели
осум бода зад лидерот во таа конкуренција Барселона, односно пет зад Интер, на
три кола до крајот на групната фаза.

Маурисио Покетино
видно разочаран, смета дека се ближи крајот на авантурата на неговата екипа во
Лигата на шампионите сезонава, додавајќи дека ќе биде исклучително тешко да се
промени нешто во продолжението од тоа натпреварување.

Близу сме до
елиминација… Имаме само еден освоен бод, ќе биде исклучително тешко, треба да
ги добиеме сите три натпревари кои треба да ги одиграме и да очекуваме одредени
резултати на други натпревари кои би ни помогнале
“ рече Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани