Идната седмица се
играат натпреварите од четвртото коло во групите од Лигата на шампионите,
интересно се очекува да биде во Торино, каде италијанскиот првак Јувентус ќе ги
одмери силите со Манчестер јунајтед во рамките на конкуренцијата „Х“.
Пол Погба во
пресрет на дуелот против поранешниот клуб вели дека очекувал Јувентус да се
најде во иста група со Премиерлигашот, тој додаде дека Торино е неговиот дом.
„Очекував, тоа
беше лудо, зборував со мојот брат во летото и му реков ‘Замисли да се најдеме во иста група со Јувентус’, тоа е задоволство за мене, Торино е
мојот дом и таму го постигнав мојот прв гол на професионален план“ рече
Французинот за RMC Sport.
„Квадрадо,
Дибала, Бонули… ние се уште сме во контакт, зборуваме често ние сме како едно
семејство“ додаде фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед.