Јувентус е во
моментов топ тема низ светските медиуми, италијанскиот првак се засили со
Кристиано Роналдо, а дел од медиумите во Шпанија најавија и дека Зинедин Зидан
би можел да се врати во Торино, но, овој пат како советник на спортскиот
директор на клубот, Фабио Паратичи.
Според
известувањата од Италија, се шпекулира дека Пол Погба исто така сака да се
врати во Јувентус а со тоа да ги напушти редовите на Манчестер јунајтед, 25
годишниот репрезентативец на Франција одигра клучна улога во патот на својата
селекција до светскиот трофеј од Мундијалот во Русија.
На клупско ниво
Погба немаше сезона за пофалба, беше на мета на критики постојано, на што дури
и самиот возвраќање, особено кон медиумите, Французинот добиваше критики и од
Жозе Мурињо, а Тутоспорт најавува дека тој веќе е на излезна врата од Олд
Трафорд.
Истиот медиум
наведува дека фактот што Јувентус го ангажираше Роналдо е една од клучните
причини за желбата на Погба да се врати во Италија.
Погба мина четири
сезони во дресот на Старата дама откако тоа му беше овозможено од страна на
Манчестер јунајтед, но Премиерлигашот донесе одлука да ја активира опцијата да
го врати, и тоа за 105
милиони евра пред две сезони.
Се шпекулира дека
Јувентус има опција за 60 милиони евра да го врати Погба во своите редови, тоа
е наводна клаузула во неговиот договор за која се уште нема потврда.