По заминувањето на ЦР7, се очекува Реал Мадрид да донесе нова ѕвезда а на листата со желби се неколку имиња. Секако, прва цел е Нејмар а опции се Килијан Мбапе и Еден Азар.
Според пишувањата на „Глобоеспорте“, „Кралевите“ веќе испратиле свој преставник во Бразил. Се работи за скаутот на Реал за Јужна Америка, Жуни Калафат кој треба да се сретне со таткото на Нејмар.
„Глобоеспорте“ додава дека Нејмар е отворен за еден ваков трансфер бидејќи не е заодоволен од неколку работи во Париз, поточно слабата конкуренција во првенството, тоа што често е мета на противничките играчи и не добива доволна заштита од судиите.
Но проблем за „Кралевите“ е тоа што ПСЖ не седи со скрстени раце. „Светците“ се свесни дека по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, Реал Мадрид ќе тропне на нивната врата.
Шампионот на Франција веќе започнал преговори со агентите на Нејмар за нов побогат договор. Напаѓачот во моментов заработува околу 37 милиони евра по сезона, но ПСЖ е подготвен да го изедначи со Лео Меси и да му ја зголеми платата на околу 50 милиони евра по сезона.
Во обид да направат Нејмар среќен во Париз, „Светците“ веќе го ангажираа Бруно Мациоти, еден од физиотерапефтите на репрезентацијата на Бразил, кој разви близок однос со играчот додека тој се опоравуваше од незгодната повреда на стаполото.