Почетни состави: Рома сака сигурна победа, Валенсија исто

by
1 минути читање

Во претходното
коло Рома беше сигурна против рускиот тим и славеше убедливо со 3-0 пред своја
публика, веројатно и вечерва калчолигашот сака сигурна победа, а од друга
страна, ЦСКА Москва со победата од 1-0 над европскиот првак Реал Мадрид пред
две кола докажа дека може да изненади.

Веќе се познати
почетните состави за двете пресметки, па од тоа што можеме да го забележиме, нема
да има промени кај Рома, Ди Франческо во неговата препознатлива формациска
поставеност од 4-2-3-1, како што беше и досега, ќе настапи и вечерва во
елитното европско клупско натпреварување, со Един Џеко како најистурен во
нападот. кај домаќините тоа е Чалов.

Јанг Бојс се уште
нема победа, ниту Валенсија, која сигурно сака да ги реши сите дилеми од овој
меч против аутсајдерот во групата што е можно порано на мечот на Местаља, а
сигурно дека шпанскиот тим ќе посакува пораз на Манчестер јунајтед вечерва кај
Јувентус, и во евентуална таква ситуација би го презел второто место во оваа
група со бод предност над Премиерлигашот со кого играат во последното коло.

И двете екипи ќе
настапат со формациска поставеност од 4-4-2, а дали ќе проследиме изненадување
во Шпанија, или оправдување на фаворитската улога на домаќинот, останува да
видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани