Почетни состави: Наполи тргнува офанзивно против ПСЖ, Икарди ја напаѓа Барселона

by
2 минути читање

Наполи – ПСЖ, односно Интер – Барселона, тоа се двете дерби пресметки во рамките на вечерашните натпревари кои стартуваат во терминот од 21 часот во четвртото коло од групите во Лигата на шампионите.

Нероаѕурите ќе се
обидат да го поправат впечатокот од поразот кај фаворитот со 2-0 на негов
терен, а евентуална победа на Италијанците ќе им донесе израмнување на бодовен
план со Каталонците кои во моментов имаат три од три во групата „Б“ каде
истовремено силите ќе ги одмерат и Тотенхем – ПСВ.

Иако постоеше
шанса, сепак, до тоа не дојде, очигледно е дека Валверде не сака да ризикува со
Меси, па тој се најде вон стројот за пресметката во Милано, а кај домаќините,
откако се врати од повредата, Наинголан доби шанса уште од првата минута.

Сосема очекувано,
Интер како најистурен во нападот го има капитенот Икарди, а веднаш зад него во
формациската поставеност на Спалети од 4-2-3-1 се најде Наинголан.

Кај гостите, кои
играат во формација 4-3-3, ударното трио во нападот го сочинуваат Дембеле,
Суарез и Кутињо, поранешниот фудбалер на Нероаѕурите.

Одлична пресметка
се очекува и на Сан Паоло, каде Наполи ќе го пречека ПСЖ во групата „Ц“ каде во
моментов (70. минута, 2-0) Ливерпул е пред пораз на гостувањето кај Црвена
Звезда, а евентуална победа на Наполи или ПСЖ би му донела прво место во оваа
конкуренција по оваа рунда.

Наполи ќе му се
спротистави на францускиот првак со формација 4-3-3, доста офанзивна а во
нападот на домаќините од првата минута ќе играат Инсиње, Мертенс и Калјехон.
Кај гостите Нејмар и Мбапе почнуваат од првата минута како ударно дуо во
нападот, на клупата за резервни фудбалери се најде поранешниот фудбалер на
калчолигашот,  Кавани.


Еве ги
и почетните состави на останатите натпревари…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани