Почетни состави: Ливерпул не се шегува, Монако сака прва победа во ЛШ

by
2 минути читање

Монако – Бриж,
односно Црвена Звезда – Ливерпул, тоа се двете пресметки, со кои ќе се отвори
четвртата рунда натпревари од Лигата на шампионите сезонава.

Лидерот во
групата „Ц“, тимот на Ливерпул гостува во Белград во обид да ја оправда
големата фаворитска улога против аутсајдерот од таа конкуренција кој пак, ќе се
обиде да направи чудо и да стигне до нови бодови, по ремито без голови пред
своја публика против Наполи во првото коло.

Во групата „А“,
ќе проследиме дуел на екипи кои се уште немаат победа во елитното европско
клупско натпреварување по три меча, и двете екипи засега имаат по еден освоен
бод, па ова ќе биде шанса за прва победа, како на едната, така и на другата
страна.

Веќе имаме
можност да се запознаеме со почетните состави за првите две пресметки денеска
во Лигата на шампионите, Ливерпул со суперофанзивна тактика ќе напаѓа во
Белград, а голови ќе се очекуваат најмногу од Салах, Стариџ и Мане, домаќините
играат нешто подефанзивно, а ќе го имаат Павков како најистурен во нападот.

Монако исто така
на терен ќе излезе со офанзивна тактика од 4-3-3, Фалкао, Диоп и Сиља ќе го напаѓаат
Бриж, а белгискиот тим очигледно дека внимателно ќе му пристапи на мечот со
нешто позатворена варијанта, каде во нападот се најдоа Весли и Ванакен,
потпомогнати од дури пет фудбалери во средниот ред веднаш зад нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани