„По заминувањето на Салах и Гвардиола, Премиер ќе стане како тајландската лига“

by 24 фудбал
1 минути читање

Заминувањето на Мохамед Салах од Ливерпул на крајот од сезоната се почесто се најавува во англиските медиуми, а како што стојат работите, Египќанецот е се поблиску до разделба со клубот од „Енфилд“.

Дополнително, не е исклучено и Пеп Гвардиола да ја заврши својата епизода во Манчестер Сити, што би значело двоен удар за квалитетот и атрактивноста на Премиер лига. Токму на тоа предупредува легендата на египетскиот фудбал, Мохамед Абутрика, кој смета дека вакви сценарија ќе остават сериозни последици врз лигата која важи за најсилна во светот.

Премиер лигата ќе стане нешто како тајландската лига по заминувањето на Салах и Гвардиола. Кога тренер од калибарот на Гвардиола ќе каже дека Салах е голем играч, легенда на Премиер лигата и пример за истрајност и професионализам, нему не му треба потврда од Арне Слот ниту од било кој друг. Разговарав со Салах во периодот кога имаше проблеми со Клоп додека беше тренер на Ливерпул и тогаш му дадов совети за иднината. Тој е способен да направи вистински чекор заедно со својот агент“, изјави Абутрика.

Абутрика откри и дека во минатото имал директна комуникација со Салах, токму во период кога офанзивецот минувал низ турбуленции во клубот, алудирајќи на неговиот однос со тогашниот тренер Јирген Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×