„Старата Дама“ веќе
направи бум на трансфер пазарот откако за рекордни 112 милиони евра го донесе
Кристијано Роналдо во своите редови, но медиумите од Шпанија најавуваат дека
во Торино би можело да пристигне уште едно звучно име.
Според Либертад
Дигитал, Зинедин Зидан ќе стане дел од управата на Јувентус, односно ќе биде
советник на спортскиот директор Фабио Паратичи.
Новинарот Хуанма
Родригез, соопшти дека извор блисок до семејството Ањели му открил дека Зизу
се враќа во Торино, а потврда за ова ќе пристигне во октомври, за да не се
додава сол во раната на „Кралевите“ по трансферот на Кристијано Роналдо.
Французинто во
моментов е без работа откако на почетокот од јуни реши да се повлече од
кормилото на „Кралевите“. Тој претходно се поврзуваше со репрезентацијата на Катар, која наводно нема да се штеди и му нуди 200 милиони евра за да ги предводи на СП 2022.