По поразот од Верона, Сари морал на разговор со Ањели и Паратичи

by
1 минути читање

Шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак Јувентус, Маурицио Сари се соочува со голем притисок со падот на формата кај „Старата дама“, а тој морал и да ја објаснува ситуацијата во клубот која не е позитивна изминатиов период.

Сари ја анализирал ситуацијата во Јувентус на една вечера со претседателот на клубот, Андреа Ањели, како и спортскиот директор Фабио Паратичи.

„Ла стампа“ известува дека средбата помеѓу Сари и високите челници на Јувентус се остварила веднаш по големиот кикс на „Старата дама“ во дуелот со Верона, каде избраниците на Сари загубија со 2-1, а Интер го искористи сето тоа, па со победата од 4-2 над Милан се израмни во однос на бодовите со Јувентус.

Лацио е само бод зад обата лидери на табелата во „Серија А“, па така, според известувањата од Италија, се вели дека средбата помеѓу Сари од една, како и Ањели и Паратичи од друга страна, била убава можност и да се анализира зошто Јувентус не е доминантен под кормилото на италијанскиот фудбалски стратег кој го наследи Масимилијано Алегри, но, од ден на ден добива сеповеќе критики за играта на тимот од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани