Во изминатите десет години, доделувањето на наградите за најдобрите беше како приватна забава за Роналдо и Меси, но оваа година тоа се промени.
Меси не беше ниту меѓу тројцата најдобри за наградата на УЕФА и ФИФА, тој не е ниту меѓу финалистите за Златната топка, а според италијанските медиуми таму овој пат ќе го нема и Роналдо.
Лука Модриќ кој ги освои наградите на УЕФА и ФИФА е еден од финалистите за „Златната топка“, а другите се Французите, Килијан Мбапе и Рафаел Варан.
Рафаел Варан кој оваа година ги крена пехарите од Светското првенство и Лигата на шампионите, може да бие првиот дефанзивец кој ја освоил Златната топка по Фабио Канаваро кој триумфираше во 2006 година.
Очекувањата се дека Роналдо со некој изговор сигурно ќе ја бојкотира и оваа церемонија, а не се исклучува можноста и Меси да не се појави на доделувањето на наградите.