Пеп: Шансите да победиме во Мадрид се помали од 1%!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити со негатива од 2-3 гостува кај Реал Мадрид во реванш дуелот од првата плеј-оф фаза во Лигата на шампионите.

На домашниот меч „граѓаните“ загубија со пресврт, а сега во Мадрид треба да се истакнат против европскиот првак. Пеп Гвардиола даде интересна изјава пред натпреварот, која може да биде окарактеризирана на два начини.

Нашата шанса да победиме на Бернабеу е минимална, тоа сите го знаат. Не знам како да кажам во проценти, ама би рекол помалку од 1%. Такви се шансите бидејќи резултатот од првиот меч не беше добар. Пет минути пред крајот водевме со 2-1, а потоа загубивме 2-3, така што опциите ни се смалени. Ќе се обидеме да ги искористиме шансите и ќе видиме каде тоа ќе нè одведе“, изјави Гвардиола.

Натпреварот меѓу Реал и Манчестер Сити на „Сантијаго Бернабеу“ се игра в среда во 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани