Нема дилеми дека
тимот на Наполи вод водство на Маурицио Сари играше прекрасен фудбал, допадлив
за око, офанзивен и технички добро поткован, вицепрвакот на Италија беше на
прагот да ја сруши долгогодишната доминација на Јувентус во Серија А, но му
недостасуваа само пет бода на крајот од изминатата сезона.
Сега Маурицио
Сари седна на жешкото столче на Челси, нема сомневање во тоа дека големи се
очекувањата од искусниот италијански стратег кој го натера дури и Пеп Гвардиола
да остане без зборови во нивната пресметка во Лигата на шампионите ланската
сезона.
Веројатно, ова е
тоа што фановите на Челси а и општо, љубителите на фудбалот го очекуваат од
тимот од Лондон претстојната сезона…
Chelsea fans can expect to see football like this at Stamford Bridge next season.
Maurizio Sarri likes to play an attacking and entertaining brand of football that gets fans on the edge of their seats. High tempo passing & free-flowing football. pic.twitter.com/FweVfpRESF
— SSC Napoli News (@SSCNapoli_News_) July 14, 2018
„Една од
најдобрите екипи со која сум се соочил во мојата кариера, можеби и најдобрата
екипа…“ беа зборовите на Гвардиола.