Англискиот тим на ден пред натпреварот одржа тренинг во кампот на Партизан, а тренерот Јирген Клоп бил воодушен од гостопримството на посакал да се запознае со челниците на црно-белите.
Раководството на Партизан му подари дрес на Клоп со бројот четири, а тој гест го налути директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ.
„Тоа доволно говори за незрелоста на тие луѓе да водат еден голем клуб каков што е Партизан. Пазете ја ситуацијата, во Белград доаѓа германски тренер кој седи на клупата на англиски клуб а тие му врачуваат дрес како алузија на четирите гола против српски клуб. Немам зборови. Еве како им се врати, со една спектакуларна победа на Звезда над тим на истиот Јирген Клоп“, изјави Терзиќ.
Иако Клоп во својата кариера го носеше токму дресот со бројот четири, Терзиќ тоа го сфатил како провокација на поразот на Звезда во Ливерпул од 4-0.