Стучниот штаб на Барселона ќе биде во исчекување во следните часови, Лео Меси се повреди на една недела пред „Ел Класико“ и дуелот со лутиот ривал Реал Мадрид.
Аргентинецот одлично го започна вечерашниот меч со Севиља, асистираше за водечкиот гол на Кутињо а потао и самиот се запиша во листата на стрелците.
Но само неколку минути подоцна тој незгодно падна на десната рака. Најпрво му се укажуваше помош на теренот а потоа и покрај аут линијата, но лекарскиот тим не можеше ништо да стори и напаѓачот со болна гримаса на лицето замина во соблекувална.
Па сега сите во Барселона нестрпливо ќе ги чекаат резултатите од деталните тестови.
Ouch #messi pic.twitter.com/xyOi8KuCiE
— Chenar Abdulqadir (@chenar82) October 20, 2018