232
Екипата на Џенова
ја заврши сезоната во калчолигата изборувајќи се за опстанок во елитното
друштво на Италија, се чини дека со тимот од Џенова заврши и нашиот
интернационалец, 33 годишниот напаѓач Горан Пандев.
Пандев сезонава
одигра 20 натпревари притоа постигна 3 погодоци за Џенова, неговиот договор со
овој клуб истекува на крајот од идниот месец, италијанските медиуми пренесуваат
дека нема да има продолжување на соработката меѓу обете страни.
Нашиот
репрезентативец во Џенова пристигна од редовите на турски Галатасарј пред две
години.
Останува отворено
прашањето дали Пандев кариерата ќе ја заврши во Италија, или ќе бара друга
дестинација.