Дарко Панчев се приклучи во коментарите за спорниот гол на Милан за победа над Црвена Звезда (2-1) во Лигата на шампионите.
Македонската легенда која блескаше во дресот на српскиот клуб застана во негова одбрана. Тој децидно тврди дека Звезда е оштетена во ситуацијата во разговор за српскиот „Спортклуб“.
„Ако таква ситуација се случеше во шеснаесетникот на италијанскиот претставник, сигурно ќе се досудеше прекршок, немаше ниту да се гледа во ВАР собата. Толку за чесноста. Значи, лицемерието кое западот го покажува кон клубовите од истокот доби нова потврда и димензија. Играч на Милан туркаше играч на Звезда… Играв фудбал и јас, знам што е туркање во дуел, а што фаул. Ова беше брука и срамота.
Звезда заслужи барем бод, а можеби и сите три. Да не навлегувам во детали, штета беше. Се случи старата приказна, играш смирено, добро и ја контролираш средбата. Имаш два, три ветувачки напади во првиот дел, погодуваш пречка и потоа примаш италијански гол. Тие по стар рецепт се повлекоа и тргнаа на контри… Голот беше обесхрабрување, ама играчите во вториот дел не застанаа, напротив тргнаа посилно. Шутот на Радовиќ и голот беа награда за пристапот. Се понадевав на целосен пресврт, а потоа сè се сруши со оној гол на Милан“, изјави Панчев.
Црвена Звезда по овој пораз практично остана без реални шанси за пласман во следната фаза, а на две кола пред крајот е на три бода.