60
Дел од италијанските, а
воедно и руските медиуми, објавија дека Палермо за својот капитен, 27 годишниот
македонски репрезентативец Илија Несторовски одбил богата понуда од Зенит.
Тимот од Санкт
Петерзбург наводно понудил 20 милиони евра за македонскиот бомбардер, но добил
негативен одговор од Палермо.
Првиот човек на тимот од
Сицилија, Мауруцио Ѕампарини истакна дека Несторовски не е на продажба, а
клубот сака брзо да се врати во елитната Серија А, па токму тоа се причините
зошто оваа понуда била одбиена.
Дел од руските медиуми
пак пишуваат дека главната причина за негативниот одговор на Палермо за оваа
понуда била тоа што клубот немал време за да најде адекватна замена за
македонскиот напаѓач.