Паје конечно проговори за штрајкот и зошто заминал од Вест Хем

by
3 минути читање

Французинот го
шокираше Вест Хем во јануари, Димитри Паје одби да игра со цел да изнуди
заминување од Лондон.

И покрај тоа што
„Чекените“ инсистираа дека не сакаат да го продадат својот најдобар играч, тие
во завршните денови од зимскиот преоден рок се договорија со Марсеј.

Во разговор со
Лекип, Димитри Паје сега за прв пат проговори за штрајкот и причините поради кои заминал
од Вест Хем.

Не ми се
допаѓаше начинот на кој им пристапувавме на натпреварите, дефанзивната тактика
која ја игравме
– вели
Паје.

„Тоа ми пречеше,
играв без задоволство. Имав контакт со Марсеј, особено со Руди Гарзија, чија филозофија
добро ја познавам. Решив да дејствувам брзо. Ако чекав шест месеци, тоа ќе беа шест
загубени месеци
.

„Не се двоумев во
ниту еден момент. Кога игравме против Хал, победивме со 1-0 а противникот ја
погоди стативата четири пати. Во соблекувалната сите беа среќни а тој ден играч
на натпреварот беше стативата
.

„Не гледав
простор за напредок, туку напротив, бев во опасност да назадувам. Ми беше
потребен нов предизвик
.

Покрај овие
проблеми на теренот, Димитри Паје имал и проблеми надвор од него, неговата
сопруга сакала да се врати во Марсеј.

„Семејството исто
така влијаеше на мојата одлука. Кога тоа има одредени проблеми, јас не можам
добро да ја извршувам мојата работа на теренот
.

Запрашан за
штрајкот, Французинот додава: „Ги предупредив дека нема да играм, веројатно не
ме сфатија сериозно
.

„Имавме средба
очи во очи и им кажав дека сум подготвен да ги прифатам сите последици од моите постапки
.

„Тренерот Славен
Билиќ знаеше дека имам желба да заминам. Уште на почетокот од сезоната, кога
се вратив по настапот на Европското првенство, разговаравме за ова
.

„Тогаш клубот ја
затвори вратата, и јас ја почитував одлуката
.

„Но спортската
ситуација се промени па во јануари им кажав дека морам да заминам. Сакав
трансфер во Марсеј и во ниту еден друг клуб. Кога ми соопштија дека нема шанси
да ме продадат, им одговори дека никогаш повеќе нема да заиграм за Вест Хем
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани