Месут Озил се
врати во својата посакувана форма, онаков каков што сите го познаваме на терените,
Арсенал изминатиот викенд ја запиша десеттата победа во низа во сите
конкуренции, откако против Лестер славеше со 3-1 на домашен терен во
Премиерлигата.
Одличен во
победата беше Озил, а денеска тимот на Унаи Емери гостува кај Спортинг Лисабон
на нашиот Стефан Ристовски во третото коло од групите во Лига Европа.
Запрашан на
социјалните мрежи, кој е најдобриот фудбалер со кого играл заедно во иста
екипа, и најдобриот фудбалер против кого играл на терените, Озил немаше ништо
против да одговори на тоа прашање.
„Најдобриот
фудбалер со кого сум играл е Кристијано Роналдо, а најдобриот фудбалер против
кого сум играл е Лионел Меси“ напиша фудбалерот од средниот ред на Топчиите.