Капитенот на
Ајакс важи за најперспективниот дефанзивец на стариот континент и е еден од најбарите играчи во моментов. Голем број клубови се
обидуваат да стигнат до потписот на 19 годишниот Матајс де Лихт и се очекува наскоро да пристигне официјална потврда за неговата следна дестинација.
Медиумите од Англија денеска пренесоа дека Манчестер јунајтед сакал да го направи Холанѓанецот најплатениот тинејџер со неделна плата од 250.000 фунти, но тој ги известил „ѓаволите“ дека не сака на Олд Трафорд.
Сега од Италија пристигува
информација дека и Јувентус добил лоши вести. „Старата дама“ се надеваше дека
ќе го искористи добриот однос со Мино Рајола за да го ангажира дефанзивецот и
имаше преговори кога двата клуба се сретнаа во Лигата на шампионите.
Сепак, спортскиот
директор на Ајакс, Марк Овермарс го известил својот колега од Јувентус, Фабио
Паратичи дека Матајс де Лихт е пред трансфер во Барселона за 80 милиони евра.
Доколку вестите
се точни, „каталонците“ ќе издвојуваат уште една голема победа на трансфер
паазрот откако претходно го купија Френки де Јонг за кого на Ајакс му платија
75 милиони евра, плус додатни 11 милиони евра во бонуси.