Овен го распарчи Солшер: Не гледа подалеку од носот, нема визија… пример нека му биде Клоп

by
2 минути читање

„Ѓаволите“ уште
еднаш покажаа дека се далеку од најдобрите откако синоќа Манчестер Сити лесно
го освои „Олд Трафорд“ и си замина со три бода. Сосема очекувано, прстот одново
беше вперен кон Оле Гунар Солшер.

Мајкл Овен, кој
го работеше натпреварот како стручен коментатор, рече дека Норвежанецот нема
визија, ја крои формацијата во зависност од тоа кој е противникот и дека на
овој начин не се освојуваат титули.

„Како можете да
бидете изненади од Сити, па тие тоа го прават со години. Можете да бидете
изненадени од Манчестер јунајтед, кога ќе го вклучите телевизирот, не знаете со
која формација ќе играат тие. Собраа еден куп фудбалери од сите страни на
светот, одлични фудбалери, но не знаат со која формација ќе играат, постојано
прават промени и претумбации“
– вели поранешниот играч на Ливерпул, Реал и
Манчестер јунајтед.

„Ми делува дека
тренерот нема визија, не гледа подалеку од носот… треба да рече, „Ќе играме вака
и вака, без разлика што ќе се случи. Ќе купиме играчи за овие позиции и ќе
играме на таков и таков начин“. Доколку работите не одат според планот, примите
пет од Ливерпул, нема да речете, „Одбраната ни е катастрофа, ајде да ставиме
уште еден дефанзивец“, тоа е смешно…“

„Ќе го земам за
пример Клоп и што тој направи во Ливерпул. Тој дојде и рече, „Ќе играме вака и
вака. Офанзивните бекови ќе бомбардираат во напад, ќе имаме цврст среден ред и
тројца во нападот“ Едно време примаа по три гола, но дали тој рече, „Ах примаме
многу голови, ајде да ставме уште еден дефанзивец“. Не, туку оние кои беа слаби
играчи го напуштија клубот. А што прави Солшер, става нов дефанзивец само за да
ги покрие слабите играчи. А од друга страна троши стотици милиони фунти на фудбалери.
Тоа не оди така“.

„Ако некој не е
добар, носите нов фубалер место него. Во меѓувреме, ќе стиснеш заби и ќе ја
издржиш болката бидејќи имаш одбрано како ќе играш и мораш да продолжиш по тој
пат, без разлика на се“.

„Во моментов тој
само ги покрива слабите алки и гледа кој е следниот противник, вели „Ах, играме
против добар тим, ајде ќе ставиме повеќе дефанзивци, или играме против слаб
тим, ајде ќе ставиме помалку дефанзивци“. Тоа е смешно, не се работи така,
треба да имате долгорочен план“.

„Доколку Манчестер
јунајтед сака да ја освои титулата, не може да се однесува вака“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×