Откриено што му кажале Хил Марин и Симеоне на Гризман на денешниот состанок и го замолиле за една работа

by
1 минути читање

Главната вест која вечерва пристигна од Шпанија е одлуката на Антоан Гризман да го напушти Мадрид. Французинот за ова попладнево го известил раководството на Атлетико, а вечерва испрати и порака до фановите.

Според пишувањата на АС, напаѓачот на средбата со лидерите на Атлетико им ставил јасно до знаење дека неговиот циклус во „црвнео-белиот“ дрес е дојден до крајот. 

Раководството на Атлетико немало никакви примедби и му се заблагодариле на Антоан Гризман за досегашниот престој. Минатото лето, тие му ветиле на играчот дека нема да му стојат на патот доколку реши да замине и сега го исполниле дадениот збор.

На состанокот, директорот Хил Марин само го замолил Антоан Гризман за една работа, односно да замине на голема врата, без никакви глупости и чудни работи (минатото лето два месеци одлучуваше дали да оди или не во Барса и дури сними документарен филм за одлуката која ја донесе). 

Диего Симине пак му порачал дека нема ниту една замерка за неговото однесување на теренот и тренинзите, и му кажал дека вратите на Атлетико секогаш ќе бидат отворени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани