Осимен верува во себе: Можам да бидам најдобар стрелец во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Виктор Осимен со хет-трик ја предводеше екипата на Галатасарај до убедлив триумф на гостувањето во Амстердам против Ајакс, а по натпреварот не го криеше задоволството од постигнатото.

Поранешниот напаѓач на Наполи блеска во новиот клуб и по првите четири рунди во Лигата на шампионите веќе има шест постигнати погодоци, со што се наоѓа на врвот на листата на стрелци пред ѕвезди како Мбапе, Кејн и Халанд.

Секако дека ми е чест што сум на врвот на оваа листа. Чувствувам дека имам квалитет и да ја завршам сезоната како најдобар стрелец во Лигата на шампионите, но тоа е заслуга и на фантастичните соиграчи што ги имам овде во Галатасарај. Најважно е да продолжуваме со добри игри и победи, веќе реков дека оваа европска сезона ќе биде одлична за нас и за нашите навивачи“, изјави Осимен.

Галатасарај по четири одиграни кола има девет бода и се наоѓа на делба од петтото до деветтото место на табелата заедно со ПСЖ, Ливерпул, Реал Мадрид и Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×