Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана се изненадил кога му ја намалиле платата па веднаш побарал средба со спортскиот директор Дин Ешворт.
Андре Онана е во фокусот на фудбалската јавност на „островите“ по новите киксови против Лион, по кои тренерот Рубен Аморим реши да го прати на „ладење“ и го изостави од составот за пресметката против Њукасл.
Весникот Атлетик открива дека голманот се изненадил кога му била намалена платата оваа сезона и веднаш побарал средба со спортскиот директор Дин Ешворт.
Кратењето било во склоп со стандардните клаузули кои ги вметнува Манчестер јунајтед, каде платата на фудбалерите се намалува за 25% доколку не биде обезбеден настап во Лигата на шампиони.
Атлетик исто така додава дека „ѓаволите“ летоска ќе имаат мака да се ослободат од голманот.
Андре Онана беше купен од Интер за сума од околу 47 милиони фунти, и летоска неговата сметководствена вредност ќе изнесува околу 26 милиони фунти и ова е сумата која некој ќе треба да ја плати за Манчестер јунајтед да не искаже загуба и да си направи проблем со правилата за Финансиски фер плеј.
Со оглед на очајната форма на Андре Онана, тешко дека некој клуб ќе плати ваква сума, спас може да биде само Саудиска Арабија.