Капитенот на
Рома, Даниеле Де Роси ќе си замине од клубот по крајот на актуелната сезона,
завршувајќи цели 18 години кариера мината во тимот на Римската волчица, за оваа
вест има и официјална потврда од Рим.
Клубот потврди
дека Де Роси си заминува, додавајќи дека 35 годишниот фудбалер нема да се
пензионира, туку ќе „јуриша“ на нова авантура во својата кариера, вон Рим.
Де Роси
реализираше 615 настапи во дресот на Рома, таа бројка го постави на второто
место на листата за таа категорија, веднаш зад легендарниот Франческо Тоти, кој
инаку беше капитен на тимот пред него.
Рома објави видео
на социјалните мрежи, со што се збогуваше со Де Роси на еден преубав начин, а неговиот последен меч ќе биде оној против Парма на 26 мај, сигурно ќе биде спектакл на Олимпико, како оној во последниот меч на Тоти, кога арената во Рим беше во солзи на гледалиштето…
data-lang="en">ROMANISTA. CAPITANO. DANIELE DE ROSSI#DDR16
pic.twitter.com/0JqyucZAT6—
AS Roma (@OfficialASRoma) May
14, 2019