5
Фудбалерите на Олимпијакос ја запишаа првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако во првиот натпревар од шестото коло го совладаа Каират со 1-0.
Грчкиот состав беше подобар противник во најголем дел од натпреварот на далечното гостување, меѓутоа натпреварот беше одлучен со еден погодок.
Во првото полувреме мрежите мируваа, а моментот на одлука го видовме во 73. минута кога Мартинс со еден удар од десната страна го совлада домашниот чувар на мрежата.
Gelson Martins
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 9, 2025
Champions League | 🇪🇺 Kairat 0-1 Olympiacospic.twitter.com/WDWWc0lU84
Каират така на табелата останува претпослеен со само еден бод, освоен во пресметката со Пафос.