175
Се очекуваше дека Талески ќе потпише нов договор со Струга Трим Лум, но Шкендија успеа да го предомисли и да го донесе во својот тим.
Тој вели дека сон на секој голман од Македонија е да брани за Шкендија.
„Среќен сум што дојдов во Шкендија, желба на секој голман од Македонија е да игра во овој клуб. Ова е голем предизвик за мене, зашто Шкендија секоја година игра во Европа и тоа е шанса секојпат да ги покажете квалитетите и потенцијалот. Благодарност до раководството што ми укажаа ваква шанса, а јас можам да ветам дека ќе бидам максимално посветен“, рече Талески.