1,1K
Реал Мадрид и официјално потврди дека Лопетеги повеќе не е тренер на првиот тим.
„Бордот на директори на Реал Мадрид денеска имаше согласност и се договори да го раскине договорот со тренерот Хулен Лопетеги“, се вели во дел од соопштението на Реал Мадрид.
Во продолжение клубот информира дека Сантијаго Солари ќе биде привремен тренер на првиот тим почнувајќи со работа од утре.
Реал Мадрид е во преговори со Антонио Конте, но разговорите не се одвиваат лесно па нејасно е дали тој наскоро ќе седне на жешкото столче.