65
„Барселона може да соопшти дека постигна договор со Иван Ракитиќ за продолжување на договорот до 30. јуни 2021“ – стои во соопштението на клубот.
Барса информира дека во договорот е вметната и откупна клаузула од дури 125 милиони евра.
Договорот официјално ќе биде потпишан утре во клупските канцеларии во 13 часот.
Хрватскиот фудбалер во Барселона дојде во 2014 година од Севиља. За каталонскиот клуб има одиграно 145 натпревари и постигнато 23 голови.