Официјално: Почна аплицирањето за билети за УЕФА Суперкупот кој ќе се одржи во Скопје

by
1 минути читање

Од денеска (13. јуни) до 4. јули ќе трае аплицирањето за билети за Суперкупот на УЕФА, дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој ќе се одигра на „Филип Втори“ Арената во Скопје.

Едно лице ќе може да аплицира најмногу за четири билети. Доколку бидат поднесени апликации за повеќе билети отколку што ќе има во продажба (нешто што е многу веројатно), добитниците ќе бидат познати преку лотарија. 

Без разлика дали сте аплицирале на 13. јули или на 4. јуни, имате еднакви шанси да добиете билет преку лотаријата, улога ќе игра само вашата среќа.

Цените на билетите се од 15 до 50 евра.

Апликација можете да поднесете на овој ЛИНК.

Повеќе информации можете да добиете на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани