Официјално: Мата потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

by
2 минути читање

Манчестер јунајтед
на својот официјален клупски сајт објави и официјално дека Хуан Мата потпиша
нов договор, со кој искусниот фудбалер се обврза на верност со клубот до јуни
2021. година, со опција за дополнителни 12 месеци.

Во текот на
вчерашниот ден на Островот излезе информација дека Шпанецот се договорил со
клубот и ќе потпише тригодишен договор, веста е денес и официјално потврдена од
„Олд Трафорд“, но со ситни измени во однос на најавите, наместо три, тој
потпиша на две години со опција и на дополнително една година.

Со ова се стави
крај на сите шпекулации со кои беше поврзуван 31 годишниот офанзивец кој во
периодот минат на „Олд Трафорд“ досега со тој клуб го подигна пехарот во ФА
Купот, Лига купот, Лига Европа, како и ФА Комјунити Шилд.

Голема чест за
мене е тоа што ќе продолжам да го претставувам овој голем клуб и нашите
неверојатни навивачи, тука сум веќе пет години и навистина сум горд на тоа што
„Олд Трафорд“ го нарекувам мојот дом, убаво е да се работи со Оле Гунар
Солскјер и неговиот фантастичен стручен штаб, визијата која тие ја имаат за
клубот е возбудлива и среќен сум што ќе бидам дел од тоа
“ рече Мата.

Во однос на оваа
вест се произнесе и шефот на стручниот штаб на Премиерлигашот, Солскјер истакна
дека Мата е огромен професионалец и еден од најинтелигентните фудбалери со кои
тој работел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани