Мохамед Салах долго време се поврзуваше со заминување од Ливерпул, ама сега дојде до пресврт во ситуацијата.
Преговодите долго не одеа во позитивна насока, меѓутоа сега дојде до пресвртница. Веројатно клубот попушти пред барањата на првата ѕвезда, особено поради фактот дека има 32 гола на 45 меча и го води Ливерпул кон нов трофеј во Премиер лигата.
Новиот договор е потпишан на две сезони, поточно е со важност до јуни 2027 година. Се споменуваа многу дестинации, ама Салах не мрда од клубот во кој мина веќе осум години.
.@MoSalah has signed a new contract that will keep him with the club beyond the 2024-25 season