162
По три години поминати во Сампдорија, Марко Џампаоло го презема кормилото на Милан.
„Милан соопштува дека Марко Џампаоло е нов тренер на првиот тим. Договорот е со трајност до 30. јуни 2021 година со опција да биде продолжен до јуни 2022“, стои во соопштението на Милан.
Џампаоло ќе биде 60. тренер на Милан, осми откако Макс Алегри беше отпуштен во јануари 2014 година.
Тој претходно бил тренер на Каљари, Сиена, Катанија, Чезена, Бреша, Кремонезе, Емполи и Сампдорија.