Официјално: Чех се врати во Челси

by
1 минути читање

37-годишниот Чех ќе биде советник за сите фудбалски работи и ќе биде врска меѓу академијата и првиот тим. Неговото работно место ќе биде во Кобахам тренинг центарот и ќе работи заедно со директорката Марина Грановскаја и тренерскиот тим. Исто така ќе патува со тимот на гостински и домашните натпревари.

„Се чувствувам многу привилигиран што имам шанса повторно да дојдам во Челси и да помогнам да имаме најдобри можни услови за работа и да го продолжиме успехот на клубот кој го има во изминатите 15 години. Гледам позитивно на новиот предизвик и се надевам дека ќе го искористам целото мое фудбалско знаење и искуство за да му помогнам на тимот“, изјави Чех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани