25-годишниот камерунски фудбалер, Кларенс Битанг го комплетираше трансферот со Вардар откако ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договорот.
„Задоволство е што сум дел од оваа екипа. Во Анталија бев неколку дена со екипата, и можам да кажам дека има квалитет. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата, и се надевам дека оваа година ќе славиме нова шампионска титула. Знам дека тимот моментално е на втората позиција, но во пролетниот дел одиме на освојување на бодови, и се надевам дека на крајот ќе славиме уште една шампионска титула“, рече Битанг на денешната промоција.
„Очекувам брзо да се прилагодам во клубот, и да бидам прифатен од моите нови соиграчи. Ова за мене е нов предизвик во кариерата, и подготвен сум да дадам се од себе за доброто на клубот, и за нови успеси. Видов дека екипата играше во групната фаза од Лигата на Европа оваа сезона, и посакувам најмалку заедно да го повториме тој успех“.