66
Тоа што подолго време беше најавувано, од денес е и официјално. Бепе Марота кој беше многу значаен дел од успесите на Јувентус во изминатите години, се раздели со италијанскиот шампион. Заедно со Марота заминува и директорот Алдо Мациа.
61-годишниот Марота за раскинот на договорот ќе добие компензација од 361.775 евра, додека на сметката на Мациа ќе легнат 278.000 евра.
Според италијанските медиуми, Марота наскоро ќе биде промовиран за нов извршен директор на Интер, најголемиот ривал на Јувентус.