Од Барселона негираат дека имаат проблеми со Дембеле

by
1 минути читање

Генералниот
менаџер на каталонскиот гигант Барселона, Пеп Сегура ги отфрли шпекулацииве кои
изминатиов период беа доста актуелни низ медиумите дека клубот сериозно
размислува да го продаде офанзивецот во своите редови, Осман Дембеле, тврдејќи
дека клубот нема никакви проблеми со него.

Извесно е дека
Дембеле доби „воспитна“ од својот тренер Ернесто Валверде кој очигледно нема
трпение со неговите проблеми со дисциплината, па така дури и го изостави од
составот, а на Островот се шпекулираше дека Ливерпул и Арсенал веќе имале
понуди за Французинот, што категорично го демантира Сегура.

Нема никаков
проблем со Дембеле, ситуацијата е мошне нормална како со еден млад фудбалер

вели тој.

Тој поседува
голем талент во себе и се труди да се адаптира во еден голем клуб, каде треба
да се бори за својот статус покрај големи фудбалери и соиграчи кои ќе се обидат
да му помогнат
“ додава еден од челниците на Барселона.

Тој никогаш не
поминал низ нешто вакво во својата кариера претходно, треба да биде трпелив, а
адаптацијата ќе си дојде сама по себе, не знам од каде се тие информации на дел
од англиските медиуми, прво, ние немаме никакви понуди за него, а ниту имаме
желба да ја промениме ситуацијата
“ заклучи Сегура.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани