Словенечкиот
чувар од мрежата на голот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, не е среќен во
редовите на шпанскиот прволигаш, а воедно е отворен да ги разгледа сите понуди
до негова адреса за да си замине од тој клуб, пишува Marca.
Актуелниот
важечки договор на Облак со Атлетико има важност до 2021. година, а се
шпекулира дека тој уште во јануарскиот преоден рок би можел да си замине од
Мадрид, од тоа што се наведува во однос на оваа тема, е тоа што наводно клубот
се уште нема доставено нова понуда до голманот за продолжување на соработката
со подобри финансисли услови.
Во договорот на
Облак има и откупна клаузула во висина од 100 милиони евра, што отвора можност за добра најава
за можен светски рекорд по трансфер на еден голман.