„Нуно Еспирито Санто ми рече што и да се случи никогаш нема да шутнам топка за него“

by
1 минути читање

Поранешниот
репрезентативен голман на Англија, 34 годишниот Џо Харт оваа сезона ќе брани за
шкотски Селтик, а открива дека во единствената конверзација со новиот тренер на
Тотнем, од страна на португалскиот фудбалски стратег добил доста непријатни
коментари во однос на тоа што да очекува во клубот.

На крајот од
ланската сезона, си реков ајде уште една сезона во Тотнем…
“ вели Харт.

Џо Харт имаше свое „шоу“ (ВИДЕО)

Почнав да
размислувам во стилот дека сакам да се посветам, сакам да го носам дресот онака
како што доликува за тимот кој го претставувам
“ додава тој.

А потоа, по само
две или три седмици во самите подготовки, ми беше кажано
: ‘Без разлика што ќе се случи, ти нема да
шутнеш топка за Тотпен
’, тоа го посакуваше
Нуно, немав прилика да разговарам лично со него,
тоа беше единствената конверзација…
“ подвлече поранешниот чувар на мрежата на
„Гордиот албион“.

Селтик на Тотнем
му исплати обештетување во висина од еден милион фунти за услугите на
поранешниот голман на Вест Хем, Торино и Барнли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×