Фудбалерите на Њукасл по вечерашното гостување во Казахстан веќе можат да го слават пласманот во осминафиналето со оглед на тоа што против Карабах славеа победа од 6-1.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме по кое премиерлигашот водеше со 5-0. Полувреме за паметење посебно одигра Арон Гордон кој постигна четири гола. Шоуто почна по само три минути игра кога токму тој го отвори резултатот. Потоа Малик Тиав зголеми на 2-0 веќе во осмата минута.
Во продолжение до крајот на првиот дел Гордон двапати стрелаше од пенал во 32-та и 46-та минута, додека во 33. минута постигна и втор гол од игра.
Гордон со овој подвиг стана само вториот фудбалер во историјата на најелитното европско натпреварување кој постигнал четири гола во едно полувреме претходно тоа го направи Луиз Адријано за Шахтјор во 2014 година.
Карабах во вториот дел конечно почна да игра пред голот на Њукасл и од првиот удар го постигна единствениот гол на натпреварот преку Кафралуиев. Конечните 6-1 ги постави Марфи на 20-тина минути пред крајот на мечот.