70
Вардар денеска се враќа
во Скопје по обавените зимски подготовки во Анталија, а со себе носи и големо
засилување, камерунскиот фудбалер Кларенс Жуниор Битанг.
Денес се очекува тој да
стави потпис на договорот со црвено-црните откако ќе ги мине медицинските
прегледи, а од тоа што можеме да го забележиме од видео компилациите кои
сведочат за неговиот квалитет, умее со фудбалската топка да постигне
спектакуларни погодоци, а воедно тешко е истата да му се одземе кога е во негов
посед…