Ливерпул и трет натпревар во низа не победија откако во 31. коло од Премиер лигата претрпе пораз, сега на гостувањето кај Брајтон со 2-1.
Тимот на Арне Слот повторно не ги оправда очекувањата и одигра под своето ниво, оставајќи впечаток дека формата е далеку од посакуваната. Дуелот понуди возбудувања на двете страни, а домаќините први го отворија резултатот преку Велбек уште во 14. минута.
„Црвените“ успеаја да се вратат во игра пред паузата, кога Керкез погоди за 1-1 на истекот на половина час и со по еден гол на двете страни се замина на пауза.
Сепак, Брајтон повторно зададе удар во вториот дел, а повторно во главна улога беше Велбек, кој десетина минути по продолжението по вторпат ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат.
Овој пораз само ја продлабочува кризата на Ливерпул, кој веќе три натпревари по ред не знае за победа, претходно беше поразен од Вулвс, а ремизираше со Тотнем.
Danny Welbeck with brace
— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 21, 2026
🏴 Brighton 2-1 Liverpoolpic.twitter.com/XuqEDLtYTh