Како раната
елиминација од Светското првенство по срамниот пораз од Јужна Кореја да не беше
доволна бламажа за „Панцерите“ оваа година, Германија сега доживеа ново
понижување.
Холандија со 2-0
ја совлада Франција во Ротердам во вечерашното дерби од Лига на нации, резултат кој значи дека
избраниците на Јоаким Лев испаднаа од елитата и во следниот циклус ќе играат во Лига Б.
„Лалињата“ важеа
за аутсајдер во групата откако ги пропуштија последните две големи
натпреварувања, но сега дури имаат и шанса за првото место доколку го добијат
дуелот со Германија во понеделник.
Вијналдум во 44.
минута погоди за 1-0, а победата беше потврдена длабоко во судиското
надополнување кога Сисоко реагираше како аматер и направи пенал, а Депај
мајсторски со „паненка“ од белата точка донесе 2-0 и голема радост.