Новиот напаѓач на Јувентус на мета на критики: Италијанците се чудат за лудото промашување (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид се најде на жесток удар во италијанските медиуми по ремито на Јувентус против Виљареал во Лигата на шампионите.

Дејвид имаше две големи шанси за „старата дама“, но прво од само три метри не погоди празна мрежа, а потоа при 2:1 за Јувентус ја погоди пречката. На крајот стигна казна во 90. минута и мечот заврши 2:2.

„Tuttosport“ му даде оценка четири и го нарече „шега“, „Corriere dello Sport“ 4,5, а „Gazzetta“ беше нешто поблага со петка, но сите се согласни дека напаѓачот жестоко потфрли.

Дејвид летово пристигна како големо засилување од Лил и беше проектиран како прв напаѓач пред Влаховиќ, но во 319 минути досега има само еден гол и една асистенција. Очигледно е дека адаптацијата во Торино му оди многу тешко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×